Нашиот сограѓанин кој живее и работи во Оман, повторно се врати на спортските терени, иако поминаа само две седмици од неговиот професионален меч во Хрватска. Овој пат Чурино проба и ги заврши трите трки, 45 километрите со 75 различни препреки, и го освои големиот “Trifecta Weekend Medal“.
По завршување на оваа тешка трка Димитров по вибер комуникација ни рече:
-Иако помина само две седмици по тешката борба во Хрватска и поминувањето на патот Оман-Хрватска-Македонија-Оман само за неколку дена, се одлучив ја истрчам големата трка, која е наречена уште и Стартанска трка, поради големите предизвици. Поминав 45 километри, 75 препреки со многу пот, крв и повреди, но на крај успеав. Ги истрчав најтешките трки “Spartan Races“, и тоа три трки за два дена, по две седмици по освојувањето на тутулата. Ова е предизвик на кој се одлучуват само најдобро подготвените “спартанци“. Јас не само што ги истрчав трките туку освоив три медали, а како најголема награда и и големиот медал “Trifecta Weekend Medal“.
По освојувањето на титулата и прославата во Битола, Чурино ја прослави титулата и појасот, освојувањето на трите медали и големиот медал, во Оман со своите ученици и пријатели.
С.Р.






