Press "Enter" to skip to content

Трилогија за иселеното мариовско село Брник од авторот Божин Андоновски (фото)

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ промовира трилогија за селото Брник „Оживеани искри“, втора трилогија напишана и потпишана од авторот Божин Андоновски. 
 
-Трилогијата ги содржи книгите „Спомени и сеќавања за Брник“, „Оживеани искри: траги“ и „Расфрлени гнезда“, посочи авторот Божин Андоновски на синоќешната промоција во битолскиот Центар за култура.
 
Првата книга „Спомени и сеќавања за Брник“ е документарен запис за местоположбата на селото Брник, за жителите кои живееле во тоа село кое денес е оставено само на себе бидејќи нема нити еден жител. 
-Не е лесно да се пишува трилогија во која има поезија и проза. Во моите книги има и многу фотографии како поткрепа на пишуваното, истакна Божин Андоновски.
 
Трилогијата „Оживеани искри“ ја промовираа професорите д-р Златко Жоглев, д-р Гордана Стојановска, д-р Весна Калпаковска и д-р Даниела Андоновска Трајковска.
 
Андоновски претходно објави триологија за селото Врањевци. Пред аудиториумот во Битола, авторот Божин Андоновски најави промоција на нова книга со хумористични раскази.