Press "Enter" to skip to content

По 17 израмнувања, Еурофарм Работник поразен во Финска

Кокс – Еурофарм Работник 23:21 (13:13)

Иако беа рамноправни, а во некој период подобри, ракометарите на Еурофарм Работник, и покрај очекувањата за прва  гостинска победа, од Финска заминуваат со пораз, во петтото гостување во Лигата на Шампионите во “Ц“ групата, по редовно тензични последни минути од натпреварот.

Битолските “фамрацевти“ имаа дури 17 израмнувања, но не успеаја да стигнат ниту до реми, откако на минута до крајот Јотиќ не погоди за последно реми на 22:21, а следуваше гол на домаќините за 23:21.

Инаку, натпреварот започна изедначено, а по десетина минути, избраниците на Алушевски имаа и +2, а по одбраните на домашниот голман, на полувреме беше 13:13.

Вториот полувреме бележиме одлични одбрани на Чаневски, имаше водство на Еурофарм 16:17, но потоа за брзо ново израмнување 18:18. Рамноправно беше и понатаму, 20:20, и нови одбрани на Чаневски и водство 20:21. Мини серија на домаќините за 22:21, закрај на 23:21.

Најефикасни кај Еурофарм Работник  Јотиќ со пет и Остроушко со четири гола.

Последниот натпревар Еурофарм Работник во лигата на Шампионите ќе го игра идната сабота против екипата на Бидасоа ирун, а од Финска патуваат за Шабац, Србија, каде викендов играат против екипата на Металопластика во СЕХА лигата.

More from СпортMore posts in Спорт »