Пелистер – Охрид 2:1 (0:0)
Екипата на Пелистер под Тумбекафе со голот на Горан Ганчев во судиското надополнување, во 94 минута, успеа да ја победи екипата на Охрид и со нови три бода да се врати на првата позиција на табелата во Втората фудбалска лига – запад, а оваа е прва победа на тренерот Зоран Штерјовски, откако го презеде клубот.
Пелистер ја имаше иницијативата во првото полувреме, но не погоди за гол и водство, но по асистенциите на Љамчевски не се запишаа во листата на стелците Бујчевски и Главевки, а охриѓани се одлучија со “бункер“ да го чуваат голот во што успеаја.
И второто полувреме поминуваше во иницијатива на Пелистер, а “бункерот“ на Охрид беше пробиен во 65. минута со голот на Момировски кој ја искористи асистенцијата на Љамчевски, а гостите не го наместија оофсајдот. По 1:0 охриѓани заиграа поофанзивно и во 85. минута Целески израмни на 1:1. Но, кога сите очекуваа крај последниот корнер во судиското време кој го изведе Љамчевски, Ганчев во 94. минута, го претвори во гол, победа, три бода и прво место на табелата.
Пелистер по 13. кола е лидер на табелата со 24 бода, колку и второпласираните екипа на Љабуништа и пред Влазерими и Скопје со 22 бода.
Есенскиот дел завршува идниот викенд со одигрување на 14. коло.






