Ракометарите на Еурофарм Работник денес ја завршуваат турбо серијата од три натпревари за шест дена. По домашниот натпревар во неделата против екипата на Савехоф, гостуваше во Финска против екипата на Кокс, а оттаму не се вратија во Битола, туку продолжија за Србија, каде денес во Шабац играат против Металопластика, каде ќе играат натпревар од СЕХА лигата.
Лошите резултати на гостувањата на “фармацевтите“ можат да се поправат само со победа, а толку денес против Металоплатика е шансата за тоа, во легендарната сала “Зорка“ во Шабнац, каде се имаат одиграно голем број на значајни натпревари, на “онаа“ Металопластика, пред две и повеќе децении.
Тренерот Стевче Алушовски за овој денешен натпревар вели дека од голема важност, и се надева на победа:
-Не е лесно да играте три натпревари во шест дена и помеѓу натпреварите да минете 3.500 километри. Но, мислам дека подготвени ќе го пречекаме натпреварот против Металопластика. Тие поседуваат млада и полетна екипа и сигурен сум дека ќе бидат мотивирани за дуелот против нас. Сакаме да победиме на гостински терен, бидејќи натпреварот е од витална важност за нас.
Инаку, во СЕХА екипата на Еурофарм Работник започна со три врзани победи, забележа и три порази, а сега моментно на табелата го дели третото и четвртото место.






