Металопластика – Еурофарм Работник 27:26 (11:12)
Ракометарите на Еурофарм Работник не се откажуваат на стилот на играта оваа есен во СЕХА и Лигата на шампионите, да го имаат натпреварот во свои раце, да имаат значајно водство и на крај да загубат со еден гол разлика.
https://youtu.be/npkkd9zHXYk
Така беше и денес во Шабац, во салата која иста како битолската, каде од домаќинот екипата на Металопластика се поразени со 27:26, полувреме 11:12 е се подалеку првите две места во групата “Б“ од СЕХА што значат директен пласман во четвртфиналето.
Натпреварот започна онака како посакуваа “фармацевтите“ во +4 (0:4), а потоа и 1:5. Но, како времето помунуваше, грешките кај битолчани се зголемуваа, а разликата се намалуваше, за на полувреме биде само гол предност 11:12.
Второто полувреме донесе поголемо ново водство за ракометарите на Алушовски кои имаа три гола предност 14:17, а следуваше потоа и израмнување 18:18 по што се играше гол за гол. Во 56. минута Еурофарм Работник играше со двајца играчи помалку, Металопластика и за првпат дојде во водство 25:24, а потоа и 26:24.
Следуваше ново израмнување на 26:26 за драма во последната минута и гол од пенал за шабачани на 30 секунди до крајот 27:26, и промашување на Вегар на крајот.
Најдобри стрелци кај Еурофарм Работник беа Вегар со осум и Јотиќ со седум голови.






