Press "Enter" to skip to content

Пелагониските општини од ЕСМ преку “Загадувачот плаќа“ добија околу 25 милиони денари

Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски го посети селото Беранци во општина Битола и изврши увид како се користат средствата што општина Могила ги доби од РЕК Битола врз основа на принципот “Загадувачот плаќа“.Ковачевски во Беранци рече дека за трите општини од Пелагонискиот регион има определено околу 25 милиони денари, а најмногу ќе добие општина Битола, околу 14 милиони денари.  Општините парите ќе ги добијат преку резлизација на проекти за зачувување на животната средина, кои ќе ги предложат, на ист начин како што го направи тоа и општина Могила.Градоначалнилката на општина Могила рече дека во село Беранци со овие средства е изграден парк во селото, место кое било паркинг за градежни машини, а вакви паркови се градат и во други села.