-Јас бев спортски новинар и најповеќе настани имам забележано во моите сеќавања од спортски натпревари, па затоа битолчани, кои го сакаат ракометот ќе ги потсетам за крајот на ноември 2009 година, кога во Битола, во салала “Младост“ за неколку дена се одиграа два значајни натпревари, започна со своите сеќавања Димче Миновски.
-Прво да бидам презизен, на 21 и 25 ноембри 2009 година ракометарите на Пелистер одиграа натпревари од Супер лигата и еден на меѓународен план, но прво за домашниот.
-Пелистер го пречека вечниот ривал екипата на Вардар, тогаш предводена од Веселин Вијовиќ, а тренер на Пелистер беше Стевче Стефановски. Во тимот на Пелистер играа Зарков, Николовски, Јанкуловски, бранеше Тосковски, а помошник на Стефановски беше Борче Марковски.
Овој натпревар ќе остане забележан и по навивањето, додава Миновски, што оставило најголем впечаток.
-Претходно во Вардар од Пелистер замина голманот Ангелов-Диви, а во Скопје даде несреќна изјава дека “Комитите“ биле најдобри, а не “Чкембарите“, во таков контекст. Па “Чкембари“ му приредија за него непријатно изненадување, што јас за прв пат го видов во Битола на трибини. не би сакал да кажувам повеќе, а битолчани, посебно оние 5.000 кои беа на трибини знаат, вели Миновски, доајен на битолското новинарство.
Миновски потсетува дека во Битола пред тоа, пред некој ден, гостувала и романска екипа кога Пелистер играл меѓународни натпревари.

Деновиве пред 10 години: ракомет Пелистер-Вардар и меѓународен натпревар, Стевче против Вујовиќ, непријатно изненадување за Диви (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





