Press "Enter" to skip to content

Трибина на ЛДП, “Размислувај различно, либерално кон Европа” (фотогалерија)

-Во салата на Народниот театар во Битола се одржа трибина “Размислувај различно, либерално кон Европа”  и годишно собрание на локалниот огранок на ЛДП во Битола.

-Говорници беа домаќинот Валентин Груевски-претседател на Советот на општина Битола, Горан Милевски – претседател на ЛДП и министер за локална самоуправа, Зоран Шапуриќ директор на инспекторатот за земјоделие и пратеничката Јулијана Николовска.Во преполната сала на Народниот театар во Битола се одржа трибина на ЛДП, под наслов “Размислувај различно, либерално кон Европа”, на која присутните делагати на годишното собрание битолските либералдемократи, членовите на партијата, симпатизерите, директорите на јавните претпријатија од оваа партија во Битола и гостите ги слушаа обраќањета на говорниците, Валентин Груевски-претседател на Советот на општина Битола, Горан Милевски – претседател на ЛДП и министер за локална самоуправа, Зоран Шапуриќ директор на инспекторатот за земјоделие и пратеничката Јулијана Николовска.Домаќинот на трибината Валентин Груевски како воведничар на трибината се осврна на работата и делувањето на ЛДП на локално ниво и на успесите кои ги имаат кадрите на ЛДП кои се на раководни места. Успесите на јавното претријатие “Пазари“ ќе произведува електрична енергија за свои потреби, “Нискоградба“ со вратени долговите и со изгадба на пречистителна станица, со конкурирање на други птроекти, градинката “Мајски цвет“ со нви клима уреди, нови занимални, шкафчиња, креветчиња, нови тоалети… но даваат можност да ги пофалиме нашите кадри, како работат сега, а за поранешните активности рече:-Први го отворивме проблемот со загадениот воздух, баравме да не се купува ново возило за градоначалникот, баравме пренос на седниците, се буневме за продажбата на Офицерски, а така и се однесуваме во позиција, нема наш членови осомничени за афери, нема други забелешки за нашите раководни лица и опомена:-Централната и локалната власт мораа да бидат малку побрзи и поодлучни во донесувањето на некои одлуки. Ни треба многу повеќе храброст, ни треба фантазија во управувањето, ни треба нешто различно од досегашното, да вклучиме повеќе млади луѓе, кои ќе носат одлуки, а не да бидат обични писари, и треба да разбереме дека сите сме во функција на граѓаните , а не се граѓаните во наша функција. Горан Милевски, претседател на Либерално-демократската партија на Македонија на трибината се осврна на е некои проблеми кои ги мачат битолчани, загадениот воздух, базенот, Копанки…-За да се подобри животниот стандард и екологијата ќе побараме прво поглавје кое што треба да се отвори со Европската Унија да биде екологија, за да ги дочекаме подготвени со готови проекти. РЕК “Битола“ да функционира на природен гас и да го промениме начинот на греење, а луѓето кои ќе останат без работа да им се најде место во приватниот сектор.-Не може толку голем град да нема јавно претпријатие за топлификација. Еден дел да се топлифицира, другиот дел да се гасифицира, а третиот дел да користи инвертер клими и да се реши проблем  со загадувањето. Да го решиме и проблемот со јавниот превоз, автобусите и таксистите наместо на нафта да користат природен гас.За планинарскиот дом “Копанки“, и базенот Милевски рече:-Неколку луѓе кои се прикажуваат како планинари си ги приватизираа и Копанки и ски стазата и планинарските домови на Големо Езеро, целата планина и сите ние како граѓани молчиме. Горе работат бизнис, носат туристи, работат на грбот на граѓаните и сите ние молчиме. Нашата заложба е “Копанки“ и се што е на Пелистер да биде под Општина Битола, а општината да вложи средства за да ги подобри тие капацитети.-Имаше предлог парите кои се од регионален развој да се инвестираат во Битола да се направи затворен базен во висина од 650 илјади евра. Директорот од ЕЛЕМ излезе во пресрет и рече и јас ќе дадам толку да се направи овој капитален објект во Битола. Но, проблем излегува дека е локален и дека општината нема проект за базен. Триесет години сме град и сме немале проект.На трибината зборуваше и Зоран Шапуриќ директор на инспекторатот за земјоделие, кој за  колекторски систем на Пелистер, рече дека се градел со странски пари, но се стопирал, а време е работите да продолжат, за чиста животна средина.Пратеничката Јулијана Николовска, како професот во Гимназија, рече дека мора да се подобри подобри образовен систем, а младите луѓе да имаат перспектива, а се осврна и за правата на ЛГБТ заедницата, како пто нагласи дека де дел и од сненографијата на трибината, и за тоа дека ЛДП се залага за легализација на марихуаната.