Вардар Жени 2019 – Пелистер Волеј 3:1 (25:11, 25:22, 23:25, 25:06)
Во рамките на првата државна лига на Македонија се одигра 6. коло во кое екипата на Пелистер Волеј е поразена од Вардар Жени, во кој биотолчанките одиграа интересен натпревар со бледо издание во првиот и четвртиот сет, но со феноменална игра во вториот и третиот.
Она за што можат да жалит е што во вториот сет пропуштивме водство од 20:15 па и по двата тајм-аути не успеавме да организираме добар напад и покрај солидниот прием да го одржиме водството до крај.
-Девојките не се предадоа и покрај лошите судиски одлуки кои продолжија и во третиот сет, па пријатно изненадија и силно мотивирани го добивме третиот сет со 25:23 по низата израмнувања, а последното беше 23:23. Сепак далеку поискусната екипа на Вардар 2019 лесно го доби 4 сет, за кој ние очигледно немавме сили, а клучно беше што во целост потфрли првиот прием. Сепак нема да жалиме за поразот со еден од фаворитите за титула ова сезона, вели тренерот Роберт Митковски.
Поените денес ги освоија: Ана Пејовска 9, Изабела Димовска 8, Ивана Белокозовска 7, Стефани Најдановска 5, Ева Трпеновска 3 и Тамара Жабјановска.
Пелистер Волеј – УСК Валандово 2:0
Пелистер Волеј – Скопје Волеј 2:0
Овој викенд, вчера во државно првенство -кадетки група “В“ екипата на Пелистер Волеј уште еднаш го докажа квалитетот над конкурентките со 2:0 по сетови ги победи прво одбојкарките на УСК Ваналдово (25:06, 25:08) и Скопје Волеј (25:12, 25:15).
“Пелистерки“ со нови две максимални победи на кадетките, нови 4 бода се зацврстија на првата позиција во групата исто како и младинките, а два натпревари поминаа со тотална доминација во секој сегмент од играта.
Во првиот натпревар со УСК Валандово поените ги освоија: Ева Трпеновска 14, Андреа Стојановска 8, Ивана Василевска 6, Стефани Најдановска 3, Емилија Бицевска 2, Сандра Дамчева 1, Михаела Цветановска 1, Ангела Нонкуловска 1 и Теодора Наумовска 1.
Во вториот натпревар со Скопје Волеј поените ги освоија: Ева Трпеновска 12, Стефани Најдановска 10, Ивана Василевска 8, Андреа Стојановска 5, Теодора Наумовска 3, Емилија Бицевска 1 и Георгина Станковска 1.






