Денес во специјалната болница за гинеколодија, акушерство и хумана репродукција започна тридневен “освежителен“ курс за вработените која ја организира Општинската организација на Црвениот крст од Битола, под мотото “Твоето незнаење, чини живот“.
Претседателката на Општинската организација на Црвен Крст од Битола, Лилјана Ристевска, за овој курс рече:
-Денес ја продолжуваме соработката со специјализираната болница “Плодност“ и ќе имаме освежителен курс, со кој сакаме да придонесеме за освежување на знаењата за укажување на прва помош, бидејќи сметаме дека тоа е еден од поважните сегменти на нашето живеење. Сите вработени во “Плодност“ ќе го посетат нашиот курс, вкупно 90.
Примариус д-р Таше Трпчевски, за овој курс кој ќе го посетуваат вработените во болницата “Плодност“ рече:
-Болница “Плодност“ како општествена одговорна организација покрај тоа што води грижа за своите пациенти за давања на адекватна помош, нега и терапија во областа на гинекологијата, акушерството и хуманата репродукција, исто така води грижа за едукација на своите вработени, за нивно осовршување, но и за севкупна нивна екукација. За таа цел од денес во наредните три дена во соработка со општинската организација на Црвен крст ќе се изведе курс за вработените за давање на прва помош. Прва помош значи спасување на човечки живот, а кога треба да дадеме прва помош на загрозени покрај помошта за лицето стекнуваме и самодоверба, за да се дадеме самопомош или да дадеме помош на друго лице, без разлика каде се наоѓаме.
Минатата година, истакна Трпчевски, “Плодност“ имала и курс за спасување на болни за време на пожар, и затоа ја поздравува оваа сораборка со Црвениот крст, со надеж дека се ќе биде со добробит за сите нас.
-Со оглед на тоа што “Плодност“ е акредитирана болнива и имаме акредитација за пет години, во нашата програма за акредитација се наведени и вакви курсеви. Ние и малкуте како нас, кои имаме акредитации, имаме обврска да одржуваме вакви курсеви кои се многу полезни и преку нив ќе научиме кои кое сме медицински лица, но и оние кои не се медицински лица, да се потсетиме на тоа како да се справиме со состојби кога се случуваат несакани настани по здравјето и животот на човекот, рече Трпчевски.
С.Р.





