Press "Enter" to skip to content

Оторена фото-изложбата “Шпански градови“ и неделата на шпански филм (фото)

Амбасадор на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера, синоќа во фоајато на Центарот за култура ја отвори изложбата на фотографии “Шпански градови со светско културно наследство“ на која присуствуваа голем број на љубители на оваа земја и нејзините убавини.Изложбата “Шпански градови со светско културно наследство“ ги презентира петнаесетте градови, Алкала де Хенарес, Авила, Баеза, Касерес, Кордоба, Куенка, Ибица, Мерида, Саламанка, Сан Кристибал де ла Лагуна, Сантијаго де Компостела, Сеговија, Тарагона, Толедо и Ибеда,  со по две фотографиии од шпански професионални фотографи.Овие градови го комбинираат најдоброто од богатото минато со сегашноста, проектирајќи слика за квалитет и понуда на голем број историско-уметнички, културни, гастрономски атракции, како и други  услуги.По отворањето на фото-изложбата во Малата сала на Центарот за култура, исто така од страна на шпанскиот амбасадот беше отворен филмскиот циклус “Недела на шпански филм 2019“.

Двете манифестации се организирани од Амбасадата на Кралството Шпанија во соработка со НУ Центар за култура Битола.