Press "Enter" to skip to content

“Стрежевци“ за 41. роденден засадија 2.000 багреми на свлечиштето кај Драгарино (фотогалерија)

Ако лани 40. роденден го прославија со свечена академија и со доделување на признанија и благодарници, вработените во ЈП “Стрежево“, оваа годна, 41. роденден го одбележаа со голема акција за пошумување на ридовите на свлечиштето настанато 2015 година на Главниот канал за испорака на вода, над село Драгарино.Оваа локација, рече директорот на “Стрежево“, Методија Граматковски, не е случајно избрана.-Со цел да го стабилизираме земјиштето над и под главниот канал и до некаде спречиме ерозија на истото за неможност во иднина настанување на нови свлечишта и поплави се решивме да засадиме во прва фаза повеќе од 2.000 багремови садници набавени со сопствени средства од расадникот на “Македонски шуми“, рече Граматковски.Во денешната акција за пошумување се вклучија сите вработени ја “Стрежево“, како и членовите на Управниот и Надзорниот одбор. Како симбол на годишнината дрво беше засадено и пред управната зграда на ЈП “Стрежево“ во центарот на Битола, а директорот Методија Граматковски ја искористи можноста на сите вработени и на пензионерите да им го честита роденденот на претријатието со желби за развој и нови инвестиции на хидросистемот.Граматковски на битолчани им вети рационално трошење на водата, а со тоа редовна и квалитетна испорака на вода преку целата година за сите водокорисници.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »