Светски признатиот духовен учител, писател, сексолог и тантрички мајстор со потекло од Хрватска, Фрањо Миличевиќ, познат како Аба Азиз Макаја, синоќа, за прв пат настапи во Битола, а предавањето го одржа во салата на Заводот и Музеј.
Предавањето кое го одржа Аба Азиз Макаја беше на тема “Кундалини – тајни за јогиско здравје, харизма и среќен живот“.
Минатата година се одбележа 40-годишниот јубилеј од постоењето на духовно-филозофскиот систем Комаја, а Фрањо Миличевиќ – Макаја е токму основачот на оваа интернационална духовна заедница и сексолошка авангарда.
Како интересен соговорник и извонреден говорник, Макаја беше идеален гостин, кој на присутните по предавањето им одговори на горливи прашања од личниот и општествениот развој.
Тој преку неговите книги, предавања, семинари, работилници и медиумски гостувања бескомпромисно и компетентно ги обработува темите како што се Спиритуалност и сексуалност; Вљубеноста како духовен метод; Модел на сексуално здраво општество; Спиритуална екологија…
Предавањето со краток осврт за работата на здружението “Комаја“ за развој на уметноста на живеењето го отвори претседателот Димитар Митров.

Фрањо Миличевиќ – Аба Азис Макаја, духовен водач, за прв пат во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





