Press "Enter" to skip to content

Конечно Еурофарм-Пелистер, утре во 9 часот фузија – потпис на договорот

Долго најавуваното спојување на двата битолски клубови Пелистер и Еурофарм Работник, ќе се случи утре наутро во 9 часот кога и официјално ќе се стават потписите на договорот.

За потпишувањето на договорот веќе се поканети и новинарите кои добија и официјална покана да присуствуваат на чинот на потпишување, по што ќе се одржи и официјална прес-конференција.

Потпишувањето на договорот е крај на сите активности кои беа преземени од страна на Советот на општина Битола и ракометниот клуб Еурофарм Работник, за што на два пати имаше и расправа во Советот.

Инаку, според она што претходеше на договорот Еурофарм ќе има 75 проценти од акциите, а општина Битола 25 проценти од вкупниот број на акции. Ќе постои и втор тим на Еурофарм Пелистер, а дресовите ќе бидат плаво бели, а грб ќе биде грбот на Пелистер, се дел од работите околу фузијата кои ќе бидат регулирани со договорот.

Што се однесува пак до буџетот според предлог договорот ќе биде: Општина Битола годишно ќе издвојува по 15 милиони денари, РК Еурофарм Работник годишно ќе издвојува по 45 милиони денари, а вкупниот буџет на клубот би бил најмалку 60 милиони денари.

More from СпортMore posts in Спорт »