Денес лајонс клубот “Хераклеа“ по втор пат ја организира акцијата “Food drive – 400 топли оброци“ за социјално загрозени семејства.
-Да се биде хуман потребно е само малку љубов и желба она што го имаш да го поделиш со оние на кои им треба повеќе. Сите имаме нешто што можеме да дадеме и подариме на заедницата. Малите нешта можат да променат многу, рече за акцијата д-р Жаклина Сервини.
Ова е заедничка акција со лајонс клубот “Кабадаја“, а во соработка со Црвен крст Битола. Акцијата запоцна на пред две седмици и ќе се изведува секоја втора недела се до 1. март 2020 година.

“Food drive – 400 топли оброци“ за социјално загрозени семејства по втор пат (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола е “музички крстотат“ по 18. пат со Фестивал на музика од светот, започна со концерт на Амира Медуњанин (фотогалерија)
- Прогласени добитниците на наградите за најдобро уреден двор во Општина Новаци!
- Општина Битола: јавен повик за зимската приказна за дочек на 2027 година
- Фотографијата на Марушо и другарите е изборот на ЕХФ
- Лино Черван по победата никој не издвојува, победи тимот вели тој





