Press "Enter" to skip to content

Нова победа на сениорската женска екипа на Топ гол

Топ гол – Пљачковица 11:0 (5:0)

Во рамките на 12. коло од ПФЛ – жени битолчанки убедливо ја совладаа екипата на ЖФК Пљачковица со конечен резултат од 11:0, полувреме 5:0, во натпревар кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“.

Со четирите  головите на Петрвска, хет-трикот на Бумбаровска, на два пати стрелаше Гелевска и по еден погодок Николовска и Нешковска домаќинот прокнижи нови три бода на своето бодовно салдо и ја поправи својата гол разлика.

-Честитки до моите фудбалерки за новата победа. Одигравме добро и имавме контрола на целиот натпревар. Им дадов шанса на младинките да играат во почетниот состав. Браво за фер плејот однесувањето на двете екипи, изјави Кире Грбевски тренерот Топ гол.

Следното последно коло есенскиот дел битолчанки гостуваат во Тетево кај ЖФК Љуботен.