Денес во Битола со почеток во 19 часот ќе се одигра натреварот од 4. коло од Супер кошаркарската лига на Македонија, а битолски Пелистер го пречекува Скопје 2023. Ова ќе биде шанса за тимот на Спасов да се врати на победите по двата по ред порази во Струмива и во Битола.
На натпреварот во Битола против Работнички, Пелистер го промовираше новото засолување Никола Кочовиќ, кој пред битолската публика го заврши со 30 поени и пет асистенции, дополнети со четири скока.
За тоа како ги поминува овие десетина денови во Битола и како е примен од соиграчите вели:
-Што се однесува до моето доаѓање во Битола можам да кажам дека имав одлично добредојден, како во клубот така и во градот. Моите соиграчи и битолчан ме прифатија одлично и затоа сум многу благодарен, тоа ми дава мотов плус во мојата работа, а за денешниот натревар рече:
-Ова е важен натревар за тимот со оглед на тоа што имавме пораз на домашен терен пред една седмица. Денес мораме да бидеме концентрирани, да играме добра одбрана и едноставно на паркетот и публиката да покажеме се што имаме подготвено за овој натпревар. Се надедвам да победа со оглед како се подготвуваме и со каков мотив сите ќе влеземе во натреварот вечерва.
Никола Кочовиќ и со прака до битолчани:
-Ги повикувам сите љубители на кошарката и битолчани да дојат и да ни дадат поддршка која навистина многу ќе ни значи. Ќе се обидеме со залагање и борба на терен да им се оддолжиме за нивниот гест што ќе бидат со нас. Затоа уште еднаш дојдере в сала да помогнете да додјеме до победа.










