Фудбалерите на еден од ретките битолски аматерски клубови Јени Мале, во свој стил, ја завршија и оваа полусезона, прва во општинската “А“ лига, со прослава на која беа сумирани резултатите од оваа полусезона, која од стана на Управата беше оценета како добра.
-Не можеме да бидеме задоволни од тоа како се одвиваше оваа полусезона, во која за прв пат настапувме. Имавме неколку киксеви, што не коштаат бодови, но тоа е тоа. Ги учиме противниците, нивните игри, а на пролет се надевам дека ќе бидеме поуспешни, рече во уводниот збор, капитенот на Јанимале, Никола Пискачев.
Оваа полусезона, фудбалерите сами, го избраа Христијан Ристевски, а скромниот подарок во име на фудбалерите му ги врачи претседателот, Благојче Делев, кој рече:
-Сакам да кажам на фудбалерите да не забораваат дека целта во оваа наша прва сезона е опстанокот во “А“ лигата. Ние сме екипа која за прв пат игра во оваа лига, некои фудбалери поради школувањето заминаа од тимот, некои се нови, па затоа не треба да се разочаруваат по некои киксови. Се надевам дека на пролет ќе бидеме подобри и секако ќе освоиме повеќе бодови.
По официјалниот дел беше организирана и забава која за фудбалерите, управата и поддржувачите на Јени Мале, на која покрај фидбалерите и управата, беа подржувачите на клубот, гинималецот Митко Стојковски кој секогаш е со фудбалерите на Јенимале и им помага, Тони Мицевски, Димче Ристевски…
С.Р.

ФК Јенимале со традиционална забава, прва во “А“ лигата (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)





