Press "Enter" to skip to content

И во последниот годинашен натпревар во Битола, Еурофарм како и претходно, пораз со еден гол (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Загреб 27:28 (12:16)

И последниот домашен натпревар на екипата на Еурфарм Работник во СЕХА лигата  не донесе ништо ново, “фармацевтите“ се поразени минимално, само го еден гол разлика, во натпревар во кој се враќаа резултатски, но на крај не успеаја да стигнат до бод или два.Екипата на Еурофарм Работник не тргна на почетокот како посакуваа ракометарите, бидејќи Загред почна подобро и по десетина минути водеа имаа +3 од 3:6, во период кога гостите ги казнија грешките на домаќините. Еврофарм дојде и на -1 (7:8), но на пауза заминаа со + четири (12:16).Почетокот на второто полувреме беше во знак на тактиката на Веселин Вујовиќ, кога тимот играше “без голман“, што не им донесе поголемо водство, но за среќа на Еурофарм разликата се намали на -1, а погоди и голманот Чаневски, (17:18 и 19:20), но и пропуштени прилики за реми. Во завршницата Загреб направи +3 (22:25) но повторно и драма, Еурофарм Работник намали на 24:25, но малку за радост. Кај Еурофарм Работник најефикасен беше Остроушко со седум и Ѓукиќ со пет голови посебно со приметлива игра на почетокот на натпреварот. Тренерот на Еурофарм Работник по натпреварот рече:

-Првиот дел го одигравме на неочекувано лошо ниво. Публиката беше одлична и застана зад нас. Жал ми е што повторно загубивме на ваков начин, со еден гол разлика. Тренерот на гостите Веселин Вујовиќ изрази задоволство за освоените бодови и додаде:

-Ме изненади тоа што имаше доста публика на трибините. Повторно почувствував како е да се игра пред добра атмосфера во Битола. Мислам дека тоа ми недостигаше овие години.  Навивачите беа играч плус за нашиот противник, кој можеше да победи и тоа немаше да биде назаслужено, но, среќата беше кај нас.

Текст и фото: С. Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »