Press "Enter" to skip to content

НАТО-Караван во Битола, зборуваше министерот Оливер Спасовски

На НАТО караванот зборуваа Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи и  Дирк Јан Коп – амбасадор на Кралството Холандија.

Синоќа во салата на Советот на општина Битола инфо-центарот за евроатлантски интеграции со организацијата на НАТО Караванот, заедно со невладина организација “МОСТ“ по неколку градови во државата, одржа панел дискусија и во Битола.

Темата беше “Безбедносни предизвици за Северна Македонија од членството на НАТО“ а панел дискусијата имаше за цел да даде одговор, во еден поширок контекст, што значи за нас нашето скорешно асоцирање во НАТО, гледано од аспект на безбедноста на државата.-Безбедносното партнерство кое што, преку потесна заедничка соработка, има примарна задача да ги зачува и да овозможи натамошен развој на општествените и пошироките цивилизациски стандарди и вредности што ги споделуваат заедниците. Односно да ги зачува слободата, интегритетот, уставно-правниот демократски поредок, ресурсите и перспективите на државите за нивен натамошен развој и благосостојба на нивните граѓани. Впрочем, денешниов панел на нашата реномирана невладина организација МОСТ, посветен на темата „Безбедносни предизвици за Северна Македонија од членството на НАТО“ има за цел да даде одговор, во еден поширок контекст, што значи за нас нашето скорешно асоцирање во НАТО, гледано од аспект на безбедноста на државата, рече министерот Спасовски, кој додаде:

-Во сите наши досегашни активности во изминативе две-три години, и како Влада, и како министерство за внатрешни работи, токму во безбедносната сфера презедовме и реализиравме низа активности, отпочнувајќи ја целосната реформа на овој сектор. Притоа, делумно бевме мотивирани од внатрешно-општествените реалности, но и заради воспоставување на стандарди што ќе бидат во корелација со оние во земјите членки на НАТО и што се, всушност, дел од оној битен, условно кажано, политички концепт што НАТО алијансата го фундира како нужен критериум за рамноправна членство.

На крајот,  Спасовски истакна:

-Дека нашето асоцирање во НАТО е извонредна можност за далеку подинамичен и реален развој на нашата држава, и пред се, за наше конечно етаблирање на светската мапа на држави. Колку и како ќе се искористи таа прилика, првенствено зависи од нас самите, од нашата подготвеност и волја да фатиме приклучок во светот на којшто сакаме и природно му припаѓаме.

More from ВестиMore posts in Вести »