Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнато лице, повреден пешак на “Прилепска“ и контроли на автобуси

На 02.12.2019 во СВР- Битола Г. Н (43) од Битола пријави дека на ул. “Прилепска“ кај “Ат Пазар“ во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се превземаат мерки за
расчистување на случајот.

На 02.12.2019 во 06.50 часот на крстосница помеѓу бул..„1 Мај“ и ул. “Стив Наумов“ во Битола, патничко моторно возило “фолксваген поло“, со битолски регистарски ознаки,  удрило во пешакот Б.А. (33) од Битола. Во незгодата Б.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Битола.

Полициски службеници од СВР Битола на 29.11.2019, во периодот од 08.00 до 13.00 часот, била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле контролирани 89 автобуси или други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 54 биле упатени на технички преглед, при што кај четири биле констатирани неисправности. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

More from ВестиMore posts in Вести »