Press "Enter" to skip to content

Ветераните Сотир, Мише… заедно со учениците пошумуваа кај РЕК “Битола“ (фотогалерија)

Изреката дека кога ќе се спојат искуството и младоста нема промашување, се потврди и денес за време на акцијата за почумување и создавање на зелен појас околу РЕК “Битола“.Таму, на вештачките ридови, создадени од големите количини на ископ од Комбинатот,  на патот за рудникот Брод-Гнеотино денес се пошумуваше со багремови садници, од предвидените 50.000 садници за зелениот појас.Предводници на акцијата беа членовите на Здружението за доброволно младинско ангажирање “Волонтери – Пелистер“ – Битола денеска го одбележа Светскиот ден на волонтерството со придонес во акцијата за пошумување на РЕК “Битола“.Ветераните, Сотир, Мише, Французо, Кире, Абото, беа еден вид инструктори кои на околу 100 ученници, прво им покажаа, а потоа заедно со нив засадуваа, а секако со нив беа и вработени од РЕК “Битола“ задолжени за пошумувањето на околните голи вештачки ридови.Акцијата е продолжени е на активностите кои започнаа на овој дел, каде ја започнаа раководителите на ЕСМ и РЕК “Битола“.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »