Press "Enter" to skip to content

Гостинска победа на Пелистер против МЗТ Скопје

МЗТ Скопје Уни Банка – Пелистер 77:86

Спортска сала“Јане Сандански“, гледачи: 150

Судии: Давидов, Бошковски и Лазов.

МЗТ Скопје: Андоновски 6, Митевски 15. Мамузиќ 14, Стојановски 5, Тодоровски 8, Митрев, Орлов, Волкановски 7, Трајковски, Исајловски 9, Митевски 8, Величковски 5.

Пелистер: Думиќ 8, Враниќ 2, Обедниковски 3, Пенов 18, Зекири 5, Цветковски 4, Трсунов, Мекиќ 21, Гулевски, Голубовиќ 6, Јанев, Казарновски 19.

Пелистер во 8. коло освои планирани три бода во Првата кошаркарска лига на гостински терен во Аеродром, против екипата на МЗТ Скопје Уни Банка 77:86.

“Пелистерци“ беа фаворити на оваа средба, но првата чествртина заврши нерешено 16:16, а во текот на првите 10 минути домашните имаа постојано водство, а во почетот и со 7 поени, 13:6.

Втората четвртина донесе водство на стартот за Пелистер, а некаде на средината имаа водство од 10 поени, 21:31. На две минути до крајот имаа и +11, но на одмор заминаа со 39:45.

Третата четвртина помина во знак на “пелистерци“ кои ја заврпија со +13 (59:72), а последната четвртина беше само формалност, до конечните 77:86.

Натпреварот ќе се памети и ќе го памети македонскиот репрезнетативец Адем Мекиќ, кој дојде до „трипл-дабл“, седми во македонската кошарка, со вкупно 21 постигнат поен, 12 скока и 11 асистенции.

More from СпортMore posts in Спорт »