Press "Enter" to skip to content

Зоран Тодоровиќ е минато, Љупчо Малинков е нов тренер на КК Пелистер

 
Српскиот тренер Зоран Тодоровиќ повеќе не е предводник на кошаркарите на  Пелистер, а Управата на клубот за нов тренер го назначи Љупчо Малинков, откако реши да му се заблагодари на Тодоровиќ, кој пролетта минатата сезона ја презеде екипата. 
 
Веста за новиот тренер вчера вечер им била соопштена на кошаркарите на Пелистер, а Тодоровиќ беше со екипата два дена во Скопје, но како дознаваме не ја водел екипата против МЗТ Скопје, туку тоа го правел Денковски.
 
Според информациите запознавањето со кошаркарите и првиот тренинг на новиот тренер е закажан попладнево, а Малинков за прв пат ќе ја води екипата на Пелистер, в сабота во Битола, протв екипата на Гостивар.
 
Управата на Пелистер, последната седмица разговарала со неколку тренери, но изборот паднал на Малинков, кој најдолго време беше на чело на Фени Индустри, а ја водел и младата кошаркарска репрезентација на Македонија.
More from СпортMore posts in Спорт »