Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со пензионерите во Битола. На средбата разговараа за претстојното зголемување на сите пензии за 700 денари во јануари 2020 година, за следните усогласувања во текот на идната година, но и за развој на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.
-Од идниот месец сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари коишто ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари, рече Царовска.
Посетата на Битола министерката Царовска ја искористи и за средба со корисниците на Регионалниот ресурсен центар за лица со попреченост и Домот за стари лица “Сју Рајдер“.
-Со социјалната реформа докажавме дека се грижиме за сите граѓани! На денешната средба во Регионалниот ресурсен центар во Битола разговаравме за бенефициите кои им следуваат на лицата со попреченост. Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост, го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50% од просечна плата, ја гарантиравме персоналната асистенција и услугата одмена во домот, даваме поддршка на општините и граѓанските организации за развој на услуги во заедницата, нагласи Царовска во Битола.

Министерката Мила Царовска во Битола, кај пензионерите и во Регионалниот ресурсен центар (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Портал“ – култна приказна што трае 15 години, од кафуле до симбол на Битола (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Доделување на наградата “Гоце Димитровски“ и два концерти на третата вечер на 9. “Џез фактори фестивалот“ (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер остана без Куп финале, поразен од Охрид во полуфиналето
- Малешевиќ: со победа над Кожув сакаме математички да осигураме полуфинале,





