Press "Enter" to skip to content

Одбележан патронатот на УКЛО: доделени златни плакети и изложба за браќата Кирил и Методиј (фотогалерија)

Според програмата за одбележување на 8. Декември, прогрмата започна пред споменикот на Св. Климент, во дворот на Ректоратот каде беа положени букети свежо цвеќе, од име на УКЛО, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски заедно со проректорите, како и амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш.Потоа одбележувањето на патронатот продолжи во Магазата, каде во рамки на соработката со Амбасадата на Република Словачка, во присуство на Н. Е. г-дин Хенрик Маркуш, Амбасадор на Република Словачка, беше отворена изложбата “По трагите на Св. Кирил и Методиј“.За изложбата се осврна приредувачот, Стојан Лекоски, кој истакна дека станува збор за поставка изготвена по повод 25 годишнината од осамостојувањето на Република Словачка и 1.155 годишнината од доаѓањето на Солунските браќа на територијата на Велика Моравија.Триесетината изложени кадри се своевидна фотографска биографија на Солунските браќа, заштитниците на Европа, односно избор  на фотографии за тоа кои биле и зошто се толку значајни браќата Кирил и Методиј за словенските народи.Во колекцијата на фотографии е и фотографијата од Франтишек Муха, на која се прикажани иконите на Св. Климент и Св. Наум Охридски кои во 2014 година беа подарени од градот Охрид и положени на олтарот во црквата посветена на солунските браќа во Терхова, Република Словачка.Автор на поставката е Павол Демеш  меѓународно признат експерт за надворешна политика и граѓанско општество кој живее во Братислава. Активно фотографира, а неговите фотографии повеќе пати се изложувани и презентирани како во Словачка така и во странство.Во продолжение на настанот, пригодно обраќање имаше ректорот проф. д-р Сашо Коруновски во кое се осврна на бројните дела на нашиот патрон, а посебно на неговата исклучителна учителско-просветителска мисија со којашто тој ги задолжи бројните сегашни, но и идни генерации.Манифестацијата е заокружена со откривање на подарокот скулптура – реплика на Св. Климент од Охрид, подарок од семејството на скулпторот и академик Томе Серафимовски, за што им беше доделена златна плакета, како и на амбасадорот на Словачка.На одбележувањето на Патронот на УКЛО учество со музичка програма зедоа ученици од Државното средно музичко училиште од Битола.

Е.Атанасоска

Фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »