Press "Enter" to skip to content

Љупчо Малинков, нов тренер на КК Пелистер: овој тим има потенцијал да победува и посилни противници (фото)

Од вчера нов тренер на кошаркарите на Пелистер е кавадарчанецот Љупчо Малинков, кој вчера вечер го одржа првиот состанок со играчите и го одработи и првиот тренинг, каде го запрашавме за мотовите да дојде во Битола и да ја води екипата, за што рече:-Доста време бев во Кавадарци, бев помошник на Емил Рајковиќ, па сакам нив предизвик, а тоа сега е Пелистер. За доаѓање во Пелистер разговарав со Христовски уште пред некое време, но ете сега се наредија коцките, слободен бев, и ете сега сум во Битола, што како нов предизвик, а секако и чест. Потоа сакам да казам дека ги познавам кошаркарите, тука има тројца репрезенативци на кои им бев тренер кога бев помошник, кој за екипата на Пелистер вели:-Екипата има потенцијал, сите се добри кошаркари, а за оние кои ги познавам лично, би сакал да кажам дека се добри момци, и мислам дека можеме да се кренеме, да играме подобро, да победуваме и секако да ја вратиме публиката во салата, од која очекувам јас и кошаркарите поддршка бидејќи не очекуваат три тешки натпревари, Гостивар, Куманово, па Еуро Никел. Прв предизвик ќе биде за Малинков утрешниот натпревар во Битола, на домашен терен против екипата на Гостивар, за што вели:

-За екипата би кажал дека има потенцијал и дека можеме да победуваме и посилни протовници, а прва проверка ќе биде утре против Гостивар. Гостивар можеме да го изненадиме, иако според пласманот на табелата е фаворит. Немам многу време за подготовка на екипата за оваа средба, но како реков овие момци имаат потенцијал за победи. Сакам уште еднаш да ја повикам битолската спортска јавност да биде утре во салата, бидејќи нивната поддршка многу ќе ни значи.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »