Press "Enter" to skip to content

Граѓанската трибина “На прав пат“ во Битола во организација на СДСМ (фотогалерија)

-На граѓанската трибина “На прав пат“ во Битола во преполната сала на Центарот за култура зборуваа претседателот на СДСМ и премиер – Зоран Заев, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, Наумче Мојсовски -претседател на комисијата за спорт во СДСМ, Никола Бабовски и Билјана Јовановска.-На трибината беа и генералниот секретар  Љупчо Николовски, претседателот на ОО на СДСМ Битола – Златко Ќурчиевски, генералниот директор на ЕСМ – Васко Ковачевски, директори, советници…На трибината во Битола “На прав пат“ која предизвика голем интерес кај битолчани премиерот и претседател на СДСМ своето обраќање го започна со приемот на земјата во НАТО, односни со последниот самит во Лондон.-Испишавме историја и беше задоволство да се седи на иста маса со лидерите на најмоќните држави, членки на НАТО, затоа што заслуживме, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Битола.-Нема посериозна потврда дека сме на прав пат, од самитот на НАТО во Лондон, стануваме 30 земја членка на Алијансата, остваривме една од двете најголеми стратешки цели на државата и на цели генерации, порача претседателот Заев. Ова наше убаво, македонско знаме, со овие жолто-црвени бои беше заедно со знамињата на САД, Германија, Британија, Франција, Италија, со сите членки на НАТО, со најмоќните и најсилните.Гордост и чест голема е да знаете дека и претседателот Трамп има еден глас ама и јас, Зоран Заев имам еден глас. Бидете горди граѓани, народе, успевме, на правиот пат сме и продолжуваме по тој пат, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина “На прав пат“ во Битола, рече Заев и додаде:-Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не смогнаа сила да го честитаат успехот во Лондон, во НАТО, само тие не се израдуваа. “Еден за сите – сите за еден“ е мотото на НАТО, тоа сакавме да го направиме и дома, да се обединиме, да бидеме заедно, да се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ, ама тие не сакаа, затоа што нивната цел е само гола власт.Претседателот Заев порача дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се реформира ќе има можност да излезе пред граѓаните и да побара поддршка.-Мора да направиме прочистување во судството, затоа што тоа негативно влијае врз одредени појави во нашето општество, и да ја обезбедиме правдата. Да се започне и детална проверка на нивните имоти и имотите на нивните семејства. Ги повикав и ЕУ преку нивни механизми да се вклучат во процесот. Мора да се одвојат оние кои ја злоупотребиле функцијата и оние чесни судии и јавни обвинители кои чесно ја работат својата работа, рече Заев и се осврна и на мерката „Мој ДДВ“.-На сите граѓани им е убаво кога им легнуваат пари на сметките од мерката „Мој ДДВ“. Повеќе од 3 милиони евра пари се враќаат кај граѓаните. Додека тие зимаа од џебовите на граѓаните, ни ги враќаме парите назад во семејните буџети истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Битола, на која зборуваше за повеќе теми кои се интерес на граѓаните, како спортот, зголемувањето на платите во образованието, културара, екологијата за новите мерки, за гасификацијата, за топлифкација, аболицијата, за одгороноста пред судовите на политичарите…Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ се осврна на проблемите кои ги наследила при преземање на мандатот, за Офицерски, за изградбата на улиците во Касарната, реконтрукција на школите, за реконтрукција на  улиците…-ВМРО-ДПМНЕ ја остави Општина Битола со премногу кал, нивното владеење е црно владеење за Битола. За 12 години ни ја осакатија Битола, но ви ветувам дека ќе ја покриеме нивната кал во секое сокаче, истакна  Офицерскиот дом кој тие сакаа да го продаваат ние го градиме и ќе го отвориме, ама ви ветувам на денот на отворањето специјалитетот што ќе го послужиме ќе биде тикварник, рече Петровска осврнувајќи се на лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.Петровска се заблагодари за поддршката од централната власт за проектите важни за граѓаните на Битола. Затоа зачурената Битола која ни ја оставија ја отворивме со пругата Битола – Каменица, со патот Битола – Новаци, со патот Битола – Демир Хисар и со патот Битола – Братин дол. Затоа сум сигурна дека нашите политики носат придобивки за граѓаните и се на прав пат, заклучи Петровска.На трибината Наумче Мојсовски зборуваше за вложувањето во спортот, за ваучерите во спортските клубови, спортските пензии, за вложувњето на Агенцијата за млади и спорт во спортот, посебно во младите спортисти.Никола Бабовски од Партијата на Власите, зборуваше за вложувањата на оваа Влада во земјоделието, за зелената нафта, за распределбата на субвенциите, за новите мерки за младите земјоделци…Билјана Јовановски пред битолчани збруваше за субвенционирање при самобработување, за новите мерки за младите при вработувањето, за младинскиот данок…

More from ВестиMore posts in Вести »