Љуботен – Топ Гол 0:4 (0:2)
На гостувањето во Тетово против екипата на Љуботен, битолчанки славеа победа со конечен резултат од 0:4, полувреме 0:2.
Со хет-трикот на Гелевска и авто голот на Кочовска Топ гол прокнижи нови три бода на своето бодовно салдо и ја подобри својата гол разлика.
-Се радувам на оваа победа и им честитам на моите фудбалерки за успешниот крај на сезоната. Имавме целосна доминација и контрола на натпреварот. Жалам за многуте пропуштени шанси. Благодарност до домаќинот за срдечниот пречек и фер плеј играта. Сезоната беше долга па одморот добро ќе го искористиме, изјави Кире Грбевски.
За екипата на Топ гол настапија: Салиевска, Размовска, Бумбаровска, Нешковска, Гоцевска, Јанковска, Петровска, Талевска, Гелевска, Миленковска, Ковачева уште играа Крстевска, Гарабиљевиќ и Н. Салиевска.






