Во рамките на државно првенство, во категоријата младинки групи во “В“ групата, во Скопје, во салата “Орце Николов“ се одигра завршниот турнир од групната фаза. Екипата на Пелистер Волеј и овој пат, од овој турнир, се враќа со максималан учинок, две победи во два натпревари.
За последниот турнир, тренерот на младинките, Роберт Митковски, вели:
-Младинките на Пелистер Волеј забележаа две нови победи на завршниот турнир во Скопје од групната фаза и со тоа нашата екипа ја завршува групната фаза со 100 % учинок, 6 победи од 6 натпревари, без загубен сет, со што го задржавме максималниот ефект во групната фаза.
Со овие две денешни победи, Пелистер ќе презими на првата позиција во севкупниот пласман во лигата која брои 16 екипи, во која и до сега има “пол позиција“, а за тоа како понатаму Митковски вели дека продолжуваат на пролет по патот за нов “Ф4“ со 1/8 финалните баражни натпревари по принцип 1 со 16, и очекува прво место на крајот.
Пелистер Волеј – УГД Студент 2:0 (25:05; 25:13)
Во првиот натпревар со УГД Студент поените ги освоија: Ана Пејовска 16, Ева Трпеновска 10, Ивана Белокозовска 6, Стефани Најдановска 5, Ања Ристевска 3 и Михаела Цветановска 2.
Пелистер Волеј – Форца Волеј Ема 2:0 (25:08; 29:27)
Во вториот натпревар со Форца Волеј Ема поените ги освоија: Ева Трпеновска 19, Ана Пејовска 7, Ања Ристевска 6, Ивана Белокозовска 5, Стефани Најдановска 4 иТеона Богдановска 3.






