Викендов во Благоевград, Бугарија се одржа 8. по ред меѓународен пливачки митинг “GD CUP 2019“ во организација на пливачкиот клуб ГД Спорт од Благоевград, на кој како и изминатите години учествуваа и младите пливали на пливачкиот клуб Олимпик од Битола.
На овој пливачки куп настапија девет пливачки клубови, а младите пливачи на Олимпик, постигнаа одличен успех. Тие во силна конкуренција освоија четири медали, од кои три знатни и една бронзена, а сите учесници добија и награда за учество.
Освојувачи на медали во Благоевград се: Теона Буџаковска, Срна Лошкоска-Ружинова, Дамјан Петровски и Бојан Лошкоски-Ружинов, клубот предводен од тренерот Кире Марков се врати и со клупски пехар како признание за нивната посветеност кон овој спорт.

Младите пливачи на Олимпик од Бугарија се вратија со три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денеска е „Денот Д“ – Пелистер игра за финале
- Лино Червар и официјално нов тренер на Еурофарм Пелистер
- Пелистер преку “мајсторка“ до финале, МЗТ не е непобедлив, среда одлука
- Битола памети: пред 37 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)





