Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник поразен од Веспрем, тренерот Мојсов разочаран од играчите (фото+видео)

Веспрем – Еурофарм Работник 35:24 (17:10)

Унгарскиот ракометен првак Веспрем не дозволи да има ново изненадување во групната фаза од регионалната СЕХА лига, како во првиот натпревар во Битола, која беше поразен од екипата на Еурофарм Работник, победи со 35:24, полувреме. Со оваа победа му се реваншираа на битолчани за поразот, со убедливи 11 гола разлика.

 

Натпреварот уште на почетокот беше во знак на Веспре, кој имаше одлична стартна серија од 6:0, а намалувањето на 6:3, потоа на 9:7 и 13:10 беше најмалата разлика, која ја имаа, бидејќи потоа следуваше нов удар на домаќините кои стигнаа на полувреме на +7 (17:10).

https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=47IHsrHU5pg&feature=emb_logo

На стартот на вториот дел домашните го зголемија водството на +10 (23:13), кога во игра беа најдобрите во Веспрем, кои потоа зголемија на +13 (28:15), за на крај да биде 35:24.

 По завршувањето на натпреварот тренерот на Еурофарм Работник, Божидар Мојсов рече:-Мора да признаам дека сум разочаран од моите играчи, нивното однесување и тоа е тоа. Не знаевме како да играме против Веспрем, бевме под нивото, тоа е дефинитивно. Затоа сум разочаран, а на спротивната страна, среќен сум затоа што имавме шанса да играме во оваа сала, пред оваа публика и во одлична атмосфера.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Работник беше Михајло Петровски со четири постигнати гола, а Ојлески, Радовиќ, Јотиќ, Остроушко по три.

За македонскиот тим останува да го одигра уште натпреварот против Спартак Москва на гости.

 

More from СпортMore posts in Спорт »