Press "Enter" to skip to content

Пелистер со вредна победа над Куманово, трета по ред, втора со Малинков (фотогалерија)

Пелистер – Куманово 88:70 (20:16, 21:21, 28:20, 19:13),

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи 500

Судии: Митровски, Давидов и Јакимовски

Пелистер: Думиќ 11, Враниќ 13, Пенов 8, Мекиќ 11, Казарновски 16, Цветковски 15, Трсунов, Обедниковски 2, Атанасовски, Гулевски 2, Голубовиќ 4, Зекири 4.

Куманово: Младеновиќ 18, Јаневски 11, Петровски 8, Марковски 16, Атанасов 4, Стојановски 5, Тодоровиќ 5, Миса 5, Шопов, Ѓоргиевски, Атанасов.Кошаркарите на Пелистер на домашен терен ја победија екипата на Куманово, а ова е втора победа на новиот тренер Љупчо Малинков во два натпревари, со што се доближуваат до посакуваното место на табелата кое носи и разигрување.Натпреварот во Битола започна со водство на Пелистер, но по 4 минути игра гостите имаа разлика од 9 поени (4:13), по следуваше добра игра на “пелистерци“ за на две минути со крајот на првата четвртина да поведат со поен предност (14:13), а на мал одмор да заминат со +4 (20:16).Втората четвртина Пелистер ја одржуваше разликата од 4 до 7 коша предност за на одмор да се отиде со +4 (41:37), а втората четвртина да заврши реми 21:21.Третата четвртина беше во знак на Пелистер, а во таа четвртина се одлучи и победникот., а имаше и атрактивни кошеви на радост на публиката. По пет минути игра, на средината беше +17 за Пелистер, 58:41. До крајот на овој дел Куманово намали на 12 поени разлика, 69:57.Во последниот дел од натпреварот повторно добра игра на “пелистерци“ а по 4 минути игра имаа +15 (75:60), а на само 4 минути со крајот и +20 (80:60). По ова водство крајот беше само формалност, бодовите останаа во Битола.Најефикасни во тимот на Пелистер Казарновски со 16 и Цветковски со 15 поени, а и следниот викенд битолчани ќе гледаат кошарка, гостува Еуро Никел од Кавадарци. 

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »