-Пред 11 години Битола го доби својот заштитник, Преподобен, Свети Некта Битолски, кој започна да се слави од 2008 година, кој се празнува секога година на 18 декември, ден пред празникот посветен на Св. Никола, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, доајенот на битолското новинарство, за една традиција од поново време.
Идејата беше на Владиката Петар, колку се сеќавам, а таа беше прифатена од тогашниот градоначалник, Владимир Талески и локалната самоуправа, па така започнаа празнувањата за светецот Некрарој, вели Миновски, иако тогаш имало и предлог заштитник Битола, како и на Солун, да биде Св. Димитрија, кој има и “своја“ црква во Битола.
Празнувањата започнуваа со утринска богослужба во црквата “Св. Димитрија“, а потоа продолжуваат со свечена литија, низ Широк Сокак.Претходно се организира и предавање за Св. Нектариј од страна на Владиката Петар, а во 2009 година тоа се случи на плоштадот “Гоце Делчев“, а се послужи и посно гравче.
Инаку, за помладите битолчани да кажеме дека Преподобен Свети Нектариј Битолски, родум од Битола, се подвизувал најпрво во манастирот “Св. Врачи“ заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа преминал на Кареја, Света Гора, каде што го продолжил подвигот под раководство на Старците Филотеј и Дионисиј во келијата на Св. Архангели. Починал на 5 декември 1500 година, која дата се зема за славење на неговиот празник по стариот црковен календар. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, сè уште почиваат во истата келија, во Кареја.

Деновиве пред 10 години: литија во чест на Св. Нектариј Битолски, заштитник на Битола
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





