Press "Enter" to skip to content

Домашен пораз на Пелистер Волеј (фотогалерија)

 Пелистер Волеј – Виктори Волеј 0:3 (18:25, 10:25, 12:25)

Во 10. коло од Првата државна лига на Македонија, екипата на Пелистер е поразена со 0:3 на домашен терен од Виктори Волеј, што можеби е најтешкиот пораз на оваа екипа пред својата публика.Тренерот на Пелистер Волеј за овој натпревар и поразот рече:-Пораз од 3:0 во најлошото издание до сега. Под секое ниво, дијаметрално спротивно од се она за кое што се договоривме. Не ни преостанува ништо друго освен да се извиниме на публиката за срамниот пораз, очајната игра, незалагањето, недисциплината и немањето никаква желба за надигрување.Без овие бодови екипата на Пелистер на пролет ќе ја нема во најдобрите шест екипи со што успеај да го повторат минатогодишниот успех.

More from СпортMore posts in Спорт »