Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Докузовски и Андоновски на трибините во Битола

Конечно во Битола да се одигра еден квалитетен првенствен натпревар кој привлече поголемо внимание кај љубителите на кошарката не само во нашиот град, туку и пошироко.

По една победа на домашен терен, на вториот натпревар во Битола, дојдоа две кошаркарски легенди да го видат овој нов Пелистер. Легендата на македонската кошарка Стерули Андоновски и Марин Докузовски, кој по има постигнато најголемиот успех на македонската репрезентација, беа на трибините, а како добар домаќин со нив беше претседателот на Пелистер, Сашко Наумов.Внимание предизвика и битолчанецот Александар Петровиќ, кој ја водеше екипата на Куманово, кој за прв пат оваа сезона беше со екипата во Битола.

Секако тука беа и неговите пријатели од нашиот град, за кој тој иако имаше тежок натпревар најде време на кратко.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »