Press "Enter" to skip to content

Битолчаните Панчо и Илче го делеа 5. место во “Амерички пул билјард“

Овој викенд се одржа првиот турнир во “Амерички пул билјард“,  дисциплина “10-ка“, во факторот среќа е сведен на минимум бидејќи топките се удираат и ставаат по ред и со претходна најава во која дупка треба да влези најавената топка и “10-ката“ мора да е последна.

Турнирот се одржа во Скопје и е четврти по ред во рамките на Државното првенство на Македонија од вкупно 7-те. Од битолските играчи учествуваа Никола Христов – Коле Моделино, Горан Думевски – Панчо, Илија Трајковски – Илче, Христијан Здравевски – Кики и Андреј Ангеловски.

Најдобар пласман остварија Горан Думевски – Панчо и Илија Трајковски – Илче кој го делеа петтото место додека останатите играчи имаа незабележителен настап.

-Иако петтото место за лаиците изгледа добро но реално ова е премалку за играчите и потенцијалот кој го има Битола. Интересот за играње е намален, воопшто не се тренира, дури и во периодот пред турнири од државното првенство. Со таков пристап, незаинтересираност и неангажирање и овие навидум високи петти места ќе бидат недостижни. Да се надеваме дека за наредниот турнир битолскиот билјард ќе излезе од оваа летаргија која го има снајдено, рече Горан Думевски – Панчо.

More from СпортMore posts in Спорт »