Пелистер – Еуро Никел 82:88
Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи 500
Судии: Милојевиќ, Панов и Антовски
Пелистер: Думиќ 3, Враниќ 9 , Пенов 10, Мекиќ 10, Казарновски 31, Цветковски 9, Обедниковски, Анастасовски, Гулевски, Голубовиќ, Јанев, Зекири 10.
Еуро Никел: Соколов 16, Бакоч, Каплановиќ 23, Марзет 19, Петровски 11, Кочев, Мелов, Караколев 3, Милков, Камали 8, Николиќ 8, Митков.
Кошаркарите на Пелистер по три врзани победи се поразени во Битола од екипата Еуро Никел ја прекина серијата на победи на Пелистер, во натпревар во кој последната четвртина и продолженито донесоа вистинска драма, а и прв пораз на Малинков од кога е на клупата.
Русинот Казарновски погоди тројка за продолжение во последниот напад и обезбеди продолжение за Пелистер, во четвртина кога во секој напад се менуваше и екипата која водеше со половина кош.
Инаку, натпреварот започна израмнето, а по 10 минути игра беше поен предност за гостите 23:24. Втората четврина беше во знак на гостите кои на само три минути пред крајот и одморот имаа +8 (33:41), но на крај Пелистер заврши со -3 (40:43).
Третата четвртина помина во шест минути водство на Еуро Никел, за на 3,50 минути Пелистер дојде до кош преднос 52:51, а потоа и на +8 (59:51), кога се му одеше од рака на Казарновски. На крај во последната четвртина “пелистерци“ влегоа со +4 (62:58).
Во поседната четвртина Пелистер пет минути имаше водство, а првото изрманување беше во 5 минута 70:70. Потоа се играше “кош за кош“ за да се влезе во продолжение.
Во продолженито гостите зачочна со водство, а потоа следуваа кошеви на искусниот Јане Петровски, кој погоди за три поени, потоа за два и слободни фрлања, за победа на Еуро од 82-88.
Најефикасни поединци во тимот на Пелистер беше Казарновски со 31.






