Во моите новинарски белешки кога се подготвував за оваа рубрика, која да кажам дека наиде на голем и интерес кај битолчани и им сум благодарен за нивните постојани јавувања до мене, наидов на податок за коњички хиподром, за кого сум правел белешки за снимање на документарен филм, започна со сеќавањата за Битола, пред 10 години, Димче Миновски.
Миновски се присеќава дека хиподромот бил сместен во село Крклино, а таму имало штала за коњи, патека за дресура, патека за скокови…
-Пријатно се изненадив кога бев таму, бидејќи не очекував дека ќе го видам сето тоа. Имаше одлично подготвени патеки и голем простор за шетање и јавање на коњите, а се беше чисто, односно онака како што и треба да биде, вели Миновски и додава:
-Бев присутен и на тренинг кога неколку јавачи тренираа скокови и одење на коњите, а имаше и тренер. Мене ми е криво што не остана во историја видео запис, а кај мене не си снимките од моето снимање таму.
–Не знам како е сега состојбата со хиподромот, но тоа беше една одлична идеја за развивање и опстојување на овој спорт во Битола, а според моите сознанија и порано имало идеи и мали обиди за воспоставување на овој спорт, додава Миновски, доајен на битолското новинарство.
Миновски не знае кој се бил во коњичкиот клуб, за кој не знае ни дали бил регистриран и бил на некој натпревар, но вели дека неколку имотни битолски семејства имале и свои коњи кои биле сместени таму.

Деновиве пред 10 години: хиподром “Хрибо“ во Крклино (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





