Во кафе слаткарница “ГТ“ оваа година мирисот и вкусот на кафето и слатките задоволства имаат посебен шмек надополнет со оригинално декориран новогодишен амбиент.
Предпразнични, празнични и послепразнични денови кога новогодишната и божикна еуфорија е насекаде околу нас, секако дека кафето ќе биде причина, повод за дружање, муабет, а и разбивање на мамурлук после забави и седенки до доцна.
Со новогодишни украси и декорации се украсени и сите слатки задоволства во оваа слаткарница, а тоа се голем број со различни вкусови слатки, десерти и торти.
Тортите кои ги има и во најмали димензии се украсени со новогодишни или божиќни декорации. Тие секако ќе бидат прекрасен подарок за секоја прилика слава или прослава.
Жанета Ристевска






