Press "Enter" to skip to content

Ски клубот Пелистер и “Шумски фенери“ организираа “Пелистерски новогодишен базар“ по втор пат (фотогалерија)

Во вечерните часови многу битолчани се упатија кон хотел „Шумски фенери“ каде по втор пат се  случуваше “Пелистерски новогодишен базар“, со многу тезги, музика, варено вино, колбаси… во организација на ски клубот Пелистер и хотел “Шумски фенери“.Глетката во предворјето на хотел-ресторан магична. Звуците на божиќните мелодии ја надополнуваа Новогодишно божиќна атмосфера. Огромна елка со безброј лампиони, штандовите амбиентално декорирани  со слатки, мафини, кармелизирани јаболка…. Огнови околу кои се пиеше топол чај, варено вино, кафе…Организаторите на овој “Пелистерски новогодишен базар“ скијачкиот клуб Пелистер во соработка со хотел-Ресторан “Шумски фенери“ кои се дел од Управниот одбор на клубот, со искуствата од минатогодишниот, оваа година по втор пат направија оригинален, магичен, предновогодишен базар.Тие истакнаа дека базарот има хуманитарен карактер и сакаат  тој да е премине во традиција.-Ова е нов начин пред се на прославување на успесите на скијачите на клубот, кои изминатата сезона беа одлично, но ни е жал што не се тука, бидејќи се на Копаоник, каде веќе ја започнаа оваа сезона. Се надевам дека ова е прифатено од битолчани, како нов начин на забава, на дружење, во еден друг амбиент, како што е во потпелистерието. Секако средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на производите кои ни се донации ќе ги искористиме за подобрување на состојбата во клубот, вели Науме Симјановски, претседател на ски клубот Пелистер.-Собраните средства од настанот ќе допринесат во развојот на скијањето, бордањето, нордиското трчање и останатите ФИС дисциплини на нашите деца, на нашата иднина во скијачкиот клуб Пелистер. Целта за организацијата на овој базар не беа само финансиите, туку сакавме преку базарот да поттикнеме омасовување на овај спорт, повеќе деца кои спортуваат во здрава средина, чист воздух, на снег и го развиваат спортскиот дух, додава Митко Милевски,од Пелистер.За амбиентално декорираниот амбиент, вкусната храна на штандовите се погрижија тимот од хотел ресторан “Шумски фенери“ кои не не го крие задоволството од организација и посетеноста на базарот, а Љубица Мушуланова – Ристевска ни кажа:-Прекрасно е чувството кога правиш едно опшествено добро и огромно е количевството на добрина кое ви се враќа. Скијачкиот клуб Пелистер во соработка со хотел-ресторан “Шумски фенери“ со цело срце и душа решивме да го голтнеме овој залак кој на крајот ни донесе многу среќа и радост. Вчера тука поминаа многу битолчани, во тие 5 часа, сите бевме полни со радост и среќа која се гледаше на секое лице кое го посети нашиот двор за време на базарот. А атмосферата ја надополнија со својата музика и “Памперси“.Дел од децата и родителите кои се членови на ски-клубот Пелистер помагаа околу организацијата, донесоа дополнителни колачи за продажба.“Пелистерскиот базар“ ќе биде отворен и вечерва, а ќе има и музичка програма, а посетителите ќе ги забавуваат “Чипињата“.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »