Press "Enter" to skip to content

Иако задоцнето, Жолтио си ги доби наградите за 2018 година

Мото федерацијата на Македонија им ги додели наградите и признанијата на најдобрите мото-кросисти во државата, а поради тоа што лани немаше прогласување на најдобрите, оваа година беа доделени за двете години.

Битолскиот мото-кросист, Борче Костов – Жолтио ги доби наградите за 2018 година, а настапува за екипата на Ноќни Волци.

-Ова е награда со која се вреднува успехот на секој возач, а вака да се доделуваат награди не е прв пат за две години. Покрај поединечните награди добивме и награда за најдобар клуб. Оваа сезона поради повреда не настапував, но според лекарите повредата е санирана и идната сезона ќе можам да возам во МХ3, но претстои подготвител период каде ќе ги проверам силите, вели Костов.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »