Press "Enter" to skip to content

Велосипедската федерација во Битола ги додели наградите на најдобрите (фотогалерија)

-Битолскиот клуб 15-Мај Пелистер победник во младинска конкуренција, а битолчани имаа и значајни поединечни награди, а посебно признание доби нашиот сограѓанин Ристе Настевски за значаен придонес за развој на велосипедизмот.Во ресторан и винарија  “Лозар“  Битола велосипедската федерација на Македонија, со техничка поддршка  на велосипедскиот клуб 15-мај Пелистер организира настан на кој   во свечен спортски амбиент ги додели годишните награди за 2019 година на најдобрите велосипедисти, тренери, спортски работници.Претседателот на федерацијата Сашо Димитриевски за годината која измина пред доделувањето на наградите рече:-Мило ми што сме  во Битола каде ги доделуваме годишните награди заедно со битолскиот клуб 15 Мај пелистер. Многу е значајно е што велосипедизмот се враќа во вашиот град на голема врата. Оваа година беше интензивна, каде зедовме учество на голем број меѓународни трки, а се одржаа и Лига систем натпреварите од календарот на Велосипедската федерација на Македонија за 2019 година, што е доволно да прогласиме успешна година. Велосипедската федерација на Македонија денес по 72-ри пат го одржува овој настан. Нашите најдобри велосипедисти со репрезентативните селекции и клубови во 2019 година учествуваа и остварија добри спортски резултати на балканските првенства во друмски велосипедизам и планински велосипедизам со сите селекции, Европско првенство и Светски куп во друмски велосипедизам, меѓународни етапни трки друмски велосипедизам и меѓународни трки во планински велосипедизам.Во име на домаќинот, 15-мај Пелистер, тренерот, Африм Јусуфи, кој е најзаслужен за тоа што прогласувањето се случи во Битола рече:-Битолскиот клуб од ден на ден е се подобар. Имаме многу млади велосипедисти што значи дека вложуваме во иднината, а воедно сме и прваци, но радуваат резултатите и во женска и мастерс категорија. Се покажавме како добри организатори на трки, а денес се надевам и на ваква свечена спортска приредба.Пред започнувањето на прогласувањето на присутните им се обрати Димче Миновски, кој во неколку минути ги запозна со традицијата на битолскиот велосипедизам.Како прво признание пред официјалните категории за посебен придонес и афирмација на велосипедскиот спорт му беше доделено на Ристе Настевски, поранешен член на велосипедскиот клуб “Коле Канински“ од Битола, репрезентативец на поранешната ни држава, учесник на многу меѓународни натпревари, наградуван велосипедист на домашни и меѓународни натпревари.ВФМ во 2019 година ја исполни зацртаната програма, реализирајќи го Лига системот на натпревари во три дисциплини :  друмски велосипедизам, вело-крос, планински велосипедизам и младинска лига во Друмски велосипедизам, за што се прогласуваа првите тројца во сениори, јуниори, кадети, мастерс и жени, во Друмски, Вело-крос и
Планински велосипедизам, додека категориите У-15 и У-13 се прогласуваат првите тројца во Друмски велосипедизам, како и екипно прво пласираните три клубови во овие дисциплини и категории.МАСТЕРС

3. Миле СИЛЈАНОВСКИ 15 МАЈ
2. Љупчо ГЛИГОРОВСКИ 15 МАЈ
1. Златко ГЕЦОВСКИ 15 МАЈ

КАДЕТИ

3. Благој МАРКОВСКИ МВК Велес
2. Давид СПАСОВ МВК Велес
1. Лука ДИМИТРИЈОСКИ Спид бај

ЈУНИОРИ

3. Даниел МОЈСОСКИ Спид бајк
2. Виктор ВАНЧЕВСКИ МВК Велес
1. Кристијан МАКСИМОВСКИ МВК Велес

СЕНИОРИ

3. Тефик САЛАХИ Цикло спорт
2. Кирил МАРКОВСКИ Вело-М
1. Борислав СОЛАРСКИ Цикло спортЕкипен победник Планински велосипедизам

3. ВК Спид бајк – Кичево
2. ВК Вело-М -Куманово
1. МВК Велес-Велес

ЖЕНИ

3. Андријана АНАСТАСОВСКА Оксижен
2. Анита ВЕЛИЧКОВСКА Оксижен
1. Анета АНТОВСКА Оксижен

МАСТЕРС

3. Владимир МИКИЌ Енерџи
2. Марјан КУЗМАНОВСКИ Енерџи
1. Љубиша КОНДЕВ Енерџи

КАДЕТИ

3. Дарио ВАСИЛЕВСКИ Крос сајклинг
2. Спасе СТОЈАНОВ Бел Камен
1. Борис СТЕФАНОВСКИ Крос сајклинг

ЈУНИОРИ

3. Виктор ВАНЧЕВСКИ МВК Велес
2. Давид СПАСОВ Бел Камен
1. Лазар ПЕТРОВИЌ Оксижен

СЕНИОРИ

3. Милан НАЦЕВСКИ Оксижен
2. Михаил ТАСЕВСКИ Оксижен
1. Александар МАРКОВСКИ ОксиженЕкипен победник Планински велосипедизам

3. ВК Бел камен-Радовиш
2. ВК Крос сајклинг – Куманово
1. ВК Оксижен-Скопје

Младинска лига – Друмски велосипедизам

Категорија У-13

3. Филип ТЕМЕЛКОВСКИ 15 МАЈ
2. Константин КОСТОСКИ Илинден
1. Христијан АТАНАСОВСКИ 15 МАЈ

Категорија У-15

3. Андреј МАЏОСКИ Илинден
2. Давид РИСТОВСКИ МВК Велес
1. Даим МУХАРЕМИ Адреналин

Екипен победник, развојна програма

3. ВК Адреналин-Гостивар
2. ВК Илинден-Прилеп
1. ВК 15 МАЈ-Битола

More from СпортMore posts in Спорт »