Press "Enter" to skip to content

Второ место за Пелистер Волеј (2004) на меѓународниот турнир во Скопје

Јанта Форца Волеј – Пелистер Волеј 2:0 (25:21, 25:20)

Во организација на Јанта Форца Волеј во Скопје се одржа предновогодишен меѓународен одбојкарски турнир на кој учествуваше и Пелистер Волеј со генерација девојки родени 2004 и помлади. 

На турнирот учествуваа покрај домаќинот Јанта Форца и Пелистер Волеј уште и екипите на Панда од Врање, Радан од Лебане, Јанта Форца Волеј и Форца Волеј Ема.

Екипата на Пелистер Волеј одигра два натпревари, а во финалето беа поразени од домаќинот Јанта Форца Волеј со 0:2 во сетови. 

Инаку во првиот натпревар “пелистерки“ ја совладаа екипата на Панда од Врање со 2:1 (19:25, 27:17, 25:08), во кој прво загубија сет, а потоа со целосен пресврт дојдоа до победа за финале.

Со учеството на овој турнир е завршена убедливо најплодната 2019 годината со уште еден пехар кој ќе ги краси во витрините на клубот.

More from СпортMore posts in Спорт »