Синдикалната организација на Клиничка Болница – Битола заедно со менаџерскиот тим на болницата организираа детска претстава од Народниот Театар Битола по повод претстојните Новогодишни и Божикни празници.
Дедо Мраз на крајот на приредбата ги израдува најмладите на вработени и им додели новогодишни пакетчиња, а тие ја искористија приликата да се фотографираат со најпознатиот дедо.
Директорот на Клиничката болница, д-р Зоран Лазаров им рече:
-Сакам да ја искористам оваа прилика и од името на менаџерскиот тим на ЈЗУ Клиничка Болница Битола да им ја честитам Новата 2020 Година прво на нашите вработени, на нашите пациенти, на нашите дечиња да им посакам безгрижно детство, а на сите успешна 2020 година.






