Press "Enter" to skip to content

Традиционално, предновогодишно, весело во кафулето “Пајтон“ (фото)

Како и секоја година традиционално, на 31 декември, битолчани се забавуваат во кафулето “Пајтон“. Така беше и денес предновогодишно  расположени,  со атмосферата весела и опуштена. Во кафулето  се беше полно и немаше кај човек и да се заврти, но тоа не им пречеше на сите да се забавуваат и веселат.Се разбира за веселата атмосфера придонесе и изборот на музика која беше во стил за забава и играње. За тој избор беше заслужен еден од сопственици, Зоран Акимовски – Зоко, кој традиционално и со мерак ја бира и им пушта музика на своите муштерии токму тој ден, предновогодишно.-Вака е традиционално секоја година, па така и денес, воочи дочекот на Новата година. И ние од “Пајтон“, а и гостите мислам дека посебно се подготвуваат за овој ден. Секогаш е весело и сите се расположени, но да не кажувам јас, нека кажуваат гостите, вели ди-џеј, Зоко.За опуштената атмосфера тука  е и целиот персонал кој низ целата гужва сите ги услужи и при тоа цело време се забавуваше со гостите  како со свои луѓе, а тука со нив беше и Марио Трифуновски, еден од сопствениците кој додаде:

-Ваква атмосфера на меѓусебно дружење на сите гости во кафулето го има само овде во “Пајтон“. Секоја година е весело и сите специјално се договараат и резервираат маси за своите пријатели токму да дојдат и убаво си поминато на 31 декември преку ден пред дочекот на Новата година, а секако и и ние сопствениците и вработените со нашите гости кои се тука преку цела година.Низ гостите можеа да се видат познати фаци во Битола, кои се редовни гости во кафулто, но и гости кои доаѓаат од други места или од странство кои се тука за Новогодишните и Божиќните празници. Заради тоа тука затекнавме познати спортисти, уметници, бизнисмени, политичари, спортски работници, новинари, студенти кои студираат во странство, а сите заедно си упатија желби за поуспешна Нова 2020 година.

More from БитолаMore posts in Битола »