Press "Enter" to skip to content

Пет минути по полноќ се роди Евгенија, првото бебе во 2020 година (фото)

Пет минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на гинеколошко-акушерското одделение се роди првото бебе во новата 2020 година, девојче, кое на свет дојде по нормален пат. Името и е Евгенија, прва радост на нејзините родители.

Првороденото бебе го посети градоначалничката Наташа Петровска, која на мајката и го честита донесувањето на свет на малата Евгенија и и посака таа да израсне во човек кој ќе остави свој впечаток во општеството.-Нема поголема радост од радоста за нов живот, пет минути после полноќ го имаме првото бебе во Битола, женско, Евгенија, која ни донесе радост на сите. Нека е здрава и жива, да и се радуват во семејството, да има спокоен живот, да ни израсне во голем човек и со неа да се гордееме како битолчани. Честитки и до екипата која што се вложи да го имаме овој радосен момент и годинава нека ни биде бериќетна на сите, рече Петровска.

Раководителот на одделението, прим. д-р Елизабета Чипуровска, од името на дежурната екипа им ја честиташе Новата година на сите жители на општината и порача младите да формираат среќни семејства во оваа година и да имаат принови, бидејќи иднината останува на младите.-За време на новогодишната ноќ имавме доста работа, пред доаѓањето на новата година се породија две пациентки, треторотки, а во новата година, првото бебе породено по нормален пат од мајка Анита дојде на свет 5 минути по 12 часот, со тежина од 3.530 грама. Се течеше во најдобар ред и мајката и бебето се во одлична состојба, истакна Чипуровска.

Градоначалничката, покрај вниманието кон мајката со букет свежо цвеќе, на првороденото бебе му подари ваучер во вредност од 20.000 денари. Таа ги посети и останатите родилки и нивните деца, подарувајќи им букети.

More from ВестиMore posts in Вести »