Во организација на шаховскиот клуб “Стево Патако“ во хотел “Милениум“ во Битола се одигра битолски брзопотезен шаховски турнир на кој учествуваа битолчани кои се членови на клубот, но и други играчи.
Претсеадателот на клубот, Сашко Павловски, за турнирот рече:
-На овој турнир се пријавија и играа 24 битолски шахисти, а за прв пат имавме и младинци. Се играше на 12 шаховски табли, за време од 3 минути плус 2 секунди за потег, а од одзивот сум задоволен, а секако и од постигнатите резултати. Се играаа девет кола, а најдобрите добија парични награди. Секако морам тука да го споменам и заедничкото дружење, а и сами видовте колку е добра атмосферата, што шахистите бараат и месечно да има вакви турнири, но ние следното дружење го закажуваме за Велигден, исто така на брзински турнир.
Победник во сениорска конкуренција е Лазар Рајчовски, второто место го освои ветеранот Борче Илиевски, а на трето место е пласиран Јосиф Димитровски.
Прв победник во младинска категорија е Марјан Христовски, второпласиран е Филип Томевски, а на трето место е Алекс Насков.
С.Р.






