Press "Enter" to skip to content

Денеска е „Денот Д“ – Пелистер игра за финале

Пелистер од Битола денеска со почеток од 19 часот (СЦ „Јане Сандански“) го игра својот трет дуел од полуфиналната серија во плејофот против МЗТ Скопје, мајсторка која ќе го даде патникот во големото финале што ќе се бори за шампионскиот пехар.

„Зелено-белите“ играат одлична кошарка во последните два месеци, претходниот пораз во скопски Аеродром им е единствен во претходните седум седум средби, но затоа последниот триумф над МЗТ јасно покажа дека Пелистер знае не само да се надигрува, туку и да го победа денешниот противник.

-Со атомскиот напад што го поседуваме, но и со дисциплинираната одбрана што тимот ја игра од стартот на плејоф доигрувањето, Пелистер може да земе сечиј скалп, на секој терен во мак-баскетот. На 27 април сред Аеродром го победивме МЗТ со 74-85. Покажавме дека знаеме како, покажавме дека можеме. Да го потврдиме тоа… За Пелистер да игра ново финале и да се бори за големиот трофеј!, порачаа од КК Пелистер.
More from СпортMore posts in Спорт »